Под мотото  ЗДРАВИ ЗАБИ – ВОЛШЕБНА НАСМЕВКА!  започнаа едукативните интерактивни работилници во ОЈДУ,,Јасна Ристеска„ Охрид   кои ќе се спроведат во сите 5 клона.


Токму поради фактот дека кариесот е едно од најраспространетите заболувања кое се регистрира кај 90% од децата, Црвен крст Охрид своите активности ги насочи кон здравствената едукација на оралното здравје. Превенцијата, раното откривање и препораките за санирање на забниот кариес е цел на неделата за забоздравствена заштита која традиционално се реализира  од 15-21 декември.

Ohridnews