Авто школата „Старс“ заедно со Општинското основно училиште „Григор Прличев“, во соработката со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, со едукативна програма го одбележаа Денот на културата во сообраќајот, 11 мај. На настанот што се одржа денеска во ООУ „Григор Прличев“, на учениците им беа објаснети правилата и прописите во сообраќајот како патници во возило, пешаци, велосипедисти и управувачи на тротинет.

Со презентирање на основните правила и прописи уште од мали нозе ќе се формира култура во сообраќајот кај децата, а со тоа ќе се зголеми и нивната безбедност. Имавме едукативен час во кој им објаснавме како се користи јавната површина наменета за нив во сообраќајот и како да се однесуваат. – рече Соња Шикалоски од Авто школата „Старс“.

Таа смета дека собраќајната култура ќе се подигне едно ниво погоре кога ќе се чуваат и почитуваат сообраќајните прописи и знаци од сите чинители во сообраќајот.

Сведоци сме дека новопоставени знаци за ден или два ги нема или пак се свртени на некоја друга страна. Потоа, на ред доаѓаат учесниците во сообраќајот, кои треба да ги почитуваат сообраќајните знаци и тогаш сигурни сме дека ќе се намалат прекршоците и незгодите. – истакна Шикалоска.

Учесниците на едукативниот час покрај теоретска имаа и практична настава на која возеа велосипед и тротинет.

Најголема цел на Општинското основно училиште Григор Прличев е постојана едукација на учениците во сфери. Денеска, нашите ученици имаа можност да се едуцираат во сообраќајот, изучувајќи ги правилата и прописите. Во следниот период ќе имаме уште неколку вакви едукативни часови од различни сфери од животот. – изјави директорката Ивана Шикалеска.

Авто школата „Старс“ и претставници на Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, во наредните денови ќе ги посетат и останатите основните училишта во Охрид каде ќе одржи едукативен час за значењето на културата во сообраќајот.

OhridNews