Пакистанецот Зафар Гил вчера во Виена подигнал тег тежок 61,7 килограми и со тоа влегол во Гининсовата книга на рекорди.

Откако саат време претходно се загревал дигајќи тег од 30 килограми, Зафар Гил од Пакистан го започнал рушењето на светскиот рекорд ,што на одушевување на присутните, му успеало. Откако ушите ги заштитил со посебни штитници, со десното уво подигнал тег тежок 61,7 килограми и седум секунди го држел 10 сантиметри над земја.


супер уше !

Зафар Гил е тежок 90 килограми и со ова необично хоби се бави цел живот. Како што вели, никогаш немал проблеми со слухот, а дигајќи го тегот испуштил само еден болен звук, на тој начин покажувајќи дека кревањето на таков товар не „мачкина кашлица“.    

Ј.М.