Со изградба на шалтерски систем денеска започна реконструкцијата на Центарот за социјална работа во Охрид.


Изградбата на шалтерот е целосна донација на Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид, кој на овој начин уште еднаш ја покажува својата хуманост и ориентираност да им помага на социјално загрозените граѓани и институции, информираат од Центарот за социјална работа – Охрид.


– Со изградбата на овој шалтер ќе ги подобриме услугите за нашите корисници и ќе се доближиме до граѓаните,   изјави Емилија Размоска – заменик директор на Центарот за социјална работа од Охрид.


Емилија Размоска

Размоска истакна дека ова е прв пат граѓанско здружение да донира средства за реализација на конкретен проект на Центарот за социјална работа и изрази надеж дека соработката со Лајонс клубот „Лихнидос“ ќе продолжи и натаму со цел да им се помогне на граѓаните на кои тоа им е најпотребно.

Г.М.