Денес се објавени резултатите од ДНК анализата спроведена врз Даниелин Хоуп Маршал Стерн, ќерката на неодамна починатата Плејбој зајчица Ана Никол Смит. Татко на девојчето е фоторепортерот Лари Биркхед.

Даниелин постанала предмет на судски спор околу старателството. Причина за тоа, се разбира е огромното богатство кое треба да го наследи девојчето од својата мајка, која пак го наследи во 1995 од својот покоен и 63 години постар сопруг Хауард Маршал.


Контоверзна и после смртта. Ана Никол Смит

На почетокот како татко фигурирал Хауард К. Стерн, личен адвокат на Ана Никол Смит, но со тужба тоа го оспори Биркхед, нејзин бивш дечко. Семејството на Смит пак тврело дека бебето е зачнато со помош на смрзната сперма од милијардерот Хауард Маршал. Како потенцијални татковци се јавиле и неколку други типови меѓу кои и бившиот телохранител Алекс Денк.

С.К.