Еден израелски град одлучил со помош на ДНК, преземена од кучешкиот измет на улиците, да ги пронаоѓа сопствениците на кучињата и да ги казнува.

Шестмесечниот пилот програм е покренат оваа недела во предградие на Тел Авив, каде од сопствениците се бара да ги доведат домашните миленичиња на ветеринар, кој ќе зема ДНК од кучињата.


Градските власти така ќе направат база на податоци со ДНК од кучињата од која ќе можат да ги идентификуваат оние кои ги валкаат улиците, и ќе ги пронајдат нивните регистрирани сопственици за да ги казнат.

Предвидени се исто така и награди во вид на бонови и играчки за кучињата чии сопственици изметот уредно го фрлаат во канти специјализирани за таа намена.

Базата на податоци воедно ќе помогне за да се пронајдат генетските болести на кучињата, па ќе се идентифицираат кучињата скитници.