Со специјална дигалка попладнево се отстранува оштетеното дрво кое утрово падна врз паркирани автомобили предизвикувајќи материјална штета.

Како што дознаваме, на местото на настанот излегле претставници на соодветната општинска комисија, а овластен вештак врши проценка на направената штета. Комисијата, пак, ќе врши проценка на состојбата на целиот дрворед на булеварот „Македонски Просветители“, кој наскоро треба да се реконструира.

Kомисијата ќе изврши проценка и за квалитетот на веќе постоечкиот дрворед долж улицата „Македонски просветители“. Доколку се процени дека постојат и други дрва кои претставуваат потенцијална опасност, истите во наредниот период ќе бидат отстранети, а на нивно место ќе бидат засадени нови и здрави дрвја, се со цел да се превенираат понатамошни немили настани. – соопшти локалната самоуправа.

OhridNews