Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос во сабота на 19 февруари на стадионот Билјанини извори ја пречекуваат екипата на Вардар во рамките на 16-тото коло од Втората македонска фудбалска лига – Запад, прво во пролетниот дел од сезоната.Натпреварот е од исклучително значење за двете екипи. По слабиот старт фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ја завршија полусезоната на 7- та позиција со 15 бода, додека Вардар е на 3-тото место со 29 бода, 3 помалку од второпласираната Воска, односо 12 помалку од водечкиот Силекс.

Пред натпреварот оптимизам владее во двата табора. Охрид, кој во меѓувреме го презеде нова управа, која значително го освежи играчкиот кадар, имаше повеќе добри подготовки со ветувачки резултати на контролните средби. Вардар, иако бодовно заостанува на табелата, најави атак на првата лига.

Дерби мечот Охрид Вардар со нетпрение го очекуваат и навивачите, за средбата се мобилизираат охридските „Рибари“ кои ќе бидат силен ветер во грбот на домашниот тим, а се очекува и присуство на симпатизерите на Вардар, Комити.

Г.М.