Со традиционалното дефиле на учесниците низ охридската чаршија, синоќа започна 49- тото издание на “ Балканскиот фестивал на народни песни и игри”, на кој годинава ќе учествуваат ансамбли од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Чешка, Австралија, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска, Русија и од Македонија.

Фестивалот го отвори Ансамблот „Танец”, а на првата вечер на сцената на Долни сарај настапија уште и ансамблите „Пирин“ од Бугарија и „Мирка Митровиќ Јарац” од Србија.Балканскиот фестивал за народни песни и игри го организира Центарот за култура „Григор Прличев” од Охрид, со поддршка од  Министерството за култура, а под покровителство на Собранието на Република Македонија. Влезот за петте фестивалски вечери  ќе биде слободен, а програмата започнува во 21 часот.


Со дефиле на играорците започна 49-то издание на Балканскиот фестивал


OhridNews