​Денес, 22 Април, се одбележува 50 годишнината на Денот на планетата Земја. Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина. По тој повод нуркачите од охридскиот Нуркачки центар Амфора денес се приклучија кон оваа глобална иницијатива со чистење на дното на езерото кај Музејот на вода, Градиште.

Истовремено, меѓународната нуркачка асоцијација Scuba Schools International, која ги поддржува ваквите инцијативи, годинава одбележува 50 годишен јубилеј од своето постоење.

Честитки до двете организации за нивниот придонес во поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина.

OhridNews