Астронаутите Sunita Williams и Akihido Hoshide направиле комплицирана поправка на Интернационалната Вселенска Станица со помош на импровизиран алат кој го направиле од обична четка за заби. Тие успеале да го инсталираат новиот систем за дистрибуција на електрична енергија на станицата.

Проблемите со стариот систем започнале минатата недела, а поради дефектот станицата не добивала електрична енергија од 2 масивни соларни панели.
Вградувањето на новиот систем бил комплициран процес, а астронаутите не можеле правилно да го постават односно неможеле да го поврзат со станицата поради отпадот кој останал во спојката при ваѓањето на стариот. 

Бидејќи не постоел алат кој би ја завршил работата астронаутите одлучиле да импровизираат па искористиле четка за заби на која направиле мали модификации. Со нивниот импровизиран алат успеале да ги исчистат остатоците по што новиот систем бил вграден без никаков проблем, а бил пуштен во употреба за само половина час.