Во чамец направен од хартија и малку помал од 2 метра, Заху Јалин ќе се обиде да го преплови каналот кој се наоѓа помеѓу Кина и Тајван.


„Не само што цел чамец е направен од хартија, туку и лепакот кој го користев е од органски материи“ – вели Заху.

За прв пат го тестирал чамецот пред 3 години, пловејќи по реката Мингјанг. Сега исто така планира да направи пробно возење во солена вода пред да тргне на своето патување преку каналот долго 180 километри.

„Според моите истражувања, калкулации и искуство, условите во каналот кој сакам да го препловам се подобри отколку кога пловев по реката Мингјанг. Мислам дека ќе успеам“ – вели Заху.

Ако овој потфат му успее планира да направи 60 исти такви чамци и да формира флота која ќе го преплови каналот за нова година.