Инцидентот се случил за време на фудбалскиот натпревар од Втората лига помеѓу Охрид и Кораб од Дебар, што се одигра изминатиот викенд на стадионот „Билјанини извори“.
Како што информира МВР, 38 годишен жител на Дебар го нарушил јавниот ред и мир со фрлање предмет кон судијата на натпреварот. Инцидентот предизвика мешаница на трибините, а полицијата го приведе напаѓачот.
По комплетирање на случајот против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
OhridNews