Со бројни свечености Општина Охрид ќе го одбележи 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Програмата започнува во вторник, 22-ри октомври, со промоција на втората книгата „За македонистиката отворено“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов. Промотор ќе биде д-р Бобан Карапејовски, а настанот е закажан во 12 часот во големата сала на општина Охрид.

Свеченоста по повод празникот ќе се одржи, исто така во вторник, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, како и културно-уметничка програма.

Во среда, 23-ти октомври од 10 часот во Градскиот парk ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери.

OhridNews