– Ви го честитаме Светскиот ден на лицата со хендикеп и Ве уверуваме дека и натаму во рамките на нашите можности ќе се грижиме за подобрување на вашата социјална и општествена положба. Донесовме локален акционен план и се надеваме дека заедно со другите субјекти битно ќе ја подобриме Вашата положба и потреби, зошто Вие сте наши сограѓани и рамноправен дел од локалната заедница – се вели во честитката.
Светскиот ден на лицата со хендикеп во Охрид ќе се одбележи со неколку активности.
Со почеток во 10 часот, во просториите на Здружението на телесни инвалиди , кои се наоѓаат во поранешните бараки на ГП „ Гранит „ ќе се одржи свеченост. На свеченоста ќе учествуваат и заменик- градоначалникот Томислав Тунтев и претседателот на Советот на општината Душко Јаковчески. Во рамките на одбележувањето, Здружението на телесните инвалиди, Здружението на слепи и Здружението на глуви и наглуви лица ќе организираат спортски натпревари во повеќе дисциплини.
Кон одбележувањето на денот се приклучуваат и општинската ВМРО-ДПМНЕ. Во 12 часот, во хотелот Белведере, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид ќе донира хуманитарни пакетчиња на децата заболени од церебрална парализа.
Во 19 часот, клубот на жени при ОО на СДСМ – Охрид, во салата на Општина Охрид ќе се одржи Саем за дегустација на храна. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на лицата со хендикеп.