Во 11 часот е предвидено полагање свежо цвеќе на споменикот на Патронот во дворот на основното училиште Свети Климент Охридски. Свежо цвеќе ќе биде положено и на спомен обележјето на градскиот плоштад во 12 часот.
Годинешната свечена акдемија ќе се одржи во хотел Метропол, со почеток во 19 часот и 30 минути. Предвиднео е пред присутните гости да се обрати градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, по што ќе следи доделување на наградите и повелбите на годинешните добитници.
Во рамки на свечената академија предвидена е и културно- уметничка програма.