Еден германец се спрема да го обиколи светот со најголемиот брод на соларна енергија на светот. Бродот ќе биде пуштен во морето во германското пристаниште Кил.
Авантуристот Рафаел Домјан е воодушевен со овој чекор, кој како што вели, ќе биде првото патување околу светот со помош на соларна енергија. Патувањето ќе започне 2011 година, а дотогаш бродот ќе биде тестиран. Бродот е долг 31, широк 15 и висок 7,5 метри.