Во Центарот за култура „Григор Прличев“ , вчеравечер, ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ со целовечерен концерт одбележа десет години од своето постоење.
Како гости на концертот настапија Петар Нечовски, групата „ Билјана“ и драмската аматерска група „ Аматер“. На најстарите членови на ансамблот им беа доделени благодарници.
Во ансамблот „ Македонка“ членуваат околу 200 вљубеници кон македонскиот традиционален, оргинален и изворен фолклор. Освен играорците, поделени во неколку возрасни групи, во ансамблот активно од самиот почеток работи и хор, како и оркестар, чии членови свират исклучиво на изворни инструменти.
Македонскиот фолклор и традиција, ансамблот „Македонка“ достојно ги има презентирано во многу држави во светот меѓу кои Полска, Франција, Италија, Русија, Шпанија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Србија и други.
OhridNews
фото: Емилио