За да им помогне на осамените мажи и жени кои се умориле барајќи ја сродната душа, еден австралиски сајт за запознавање им нуди беџеви на кои јасно се истакнати нивните намери.
Малите метални тркалезни брошови ги осмислил сопственикот на сајтот Еван Дијакополус. Неговата замисла е да се врати стариот начин на запознавање, а заинтересираните треба да уплатат членарина од 23 австралиски долари. Тој вели дека беџот може да се носи во супермаркет, во воз, на работа и секаде каде што одите.