Во рамки на културната манифестација „Денови на Едрене во Македонија“, делегација на Вилаетот Едрене, предводена од валијата Мустафа Бујук, вчера го посети Охрид. По тој повод синоќа во Центарот за култура се одржа концерт на Групата за класична турска музика. Повеќе од два часа присутните во преполната сала уживаа со звуците на традиционална турска музика и воени маршеви. По концертот свое обраќање имаше валијата од Едрене, кој во претходните неколку дена ги посети уште и Скопје, Тетово и Гостивар.


Културна промоција на Турција во Охрид

OhridNews