Со багери и друга механизација, денеска започна уривањето на зградата во која некогаш беше сместена градската библиотека. Уривањето започна од предната страна на зградата и дограмата, а шутот со повеќе камиони се носеше на депонијата во Мауцкер.
започна уривањето на библиотеката
Незадоволство од уривањето на старта библиотека изразија повеќето невладини организации и институции кои се сместени во зградата. Тие обвинија дека не биле информирани за уривањето и дека нема каде да се иселат. Од локалната самоуправа не инфмираа дека сите субјекти кои биле сместени во старата зграда на библиотеката навреме биле известени и дека општината веќе има обезбедено простор каде ќе се преселат Сојузот на борците и извидничкиот клуб, додека бирото за развој на образование е обврска на ресорното министерство.
некогашните простории на Сојузот на борци
Според најавите уривањето на библиотеката ќе се одвива во две фази. Првата треба да заврши до почетокот на самитот на претседатели што од 2-5 мај ќе се одржи во Охрид, додека втората треба да е готова до почетокот на туристичката сезона. Според проектот што го изготви охрискиот Завод и Музеј на просторот на библиотеката ќе биде изграден парк со повеќе културни содржини.
Г. Момироски