Зголеменото количество вода што деновиве се испушти во реката Дрим предизвика излевање на регионалниот пат Струга – Дебар кај селото Луково. Под вода беше дел од коловозот, но и индивидуални куќи, полициската станица, амбулантата и комерцијални објекти во Долно Луково.


Дрим повисок од патот


Сообраќајот во застој

Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и на Македонија пат со механизација вчера градеа насип и го расчистуваа теренот. Директорот на дирекцијата, Шабан Салиу најави дека за ден два патот повторно ќе биде прооден за сите видови возила.


Се градат насипи покрај патот


Водата опасно се заканува

Локалното население укажува дека предупредувало на последиците од зголемениот водостој на Дрим и на акумулацијата Глобочица, но никој не ги слушнал нивните апели. Граѓаните се жалат дека покрај домовите поплавени се и големи површини обработливо земјиште.


Багерите работат под полна пареа


Состојбата се очекува да се нормализира

Критичното место кај Луково денеска ќе го посетат екипи на Координативното тело за превенција од природни непогоди.


Ohridnews
фото: Васко Бујароски