Нивото на реката Грашница и натаму е високо. Со механизација денеска таму се прочистуваше коритото на реката која неодамна се изли во населбата Воска поплавувајќи повеќе куќи. Интервенцијата на реката Грашница е дел од мерките за справување со елементарната непогода, кои предвидуваат и изградба на атмосферска канализација на улицата „Ариф Мустафа“.
Жителите од „Ариф Мустафа“ бараат да се уреди коритото на реката Грашница кое беше стеснето со поставување цевки кои не можеа да ја примат надојдената вода. При неодамнешните поплави цевките беа извадени, со што се ослободи проток за реката Грашница.
Покрај на Грашница интервенции се предвидени и на Коселска река која неодамна поплави земјоделски површини и објекти во атарот на село Орман.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com