Со песната „Вечниот Бог” и поздравот „Христос се роди- Вистина се роди”, денеска, на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски”, пристигнаа околу петстотини дечиња, учесници во шестата по ред Бадникова поворка. На плоштадот, учесниците на литијата, добија Божикни подароци од вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески, претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, членовите на Советот, директорите на јавните претпријатија и градоначалникот на Општина Дебарца Зоран Ногачески.
- Ви го честитам најрадосниот христијански православен празник, Христово раѓање- Божик. Ви посакувам, со отворено срце , полно со љубов и меѓусебно разбирање, да го прославиме овој голем празник, во кругот на семејствата и најблиските. Божиќ нека ни биде бериќетен и вековит. Мир Божји, Христос се роди. Среќен Божик– рече в.д градоначалникот Георгиески.
Бадниковата поворка , започна од црквата „Св.Ѓеорги” во Горна Влашка Маала, а до нејзиното пристигнување на градскиот плоштад , со своја програма настапи детскиот хор „Бисери” од Центарот за култура „Григор Прличев”.
OhridNews