Охридскиот ракометен клуб со Горан Андоновски на клупата ќе ги започне натпреварите во Супер лигата. Премиерниот настап охриѓани го имаат на 15 септември в недела во 19 часот на домашен терен против Преспа од Ресен.

Андоновски минатата сезона охридското кормило го напушти по ремито со „езерскиот“ ривал Струга. Тогаш на клупата го наследи Ѓоко Апостолов, кој го доврши шампионатот, а беше помошник на Андоновски.

Сезонава ракометот во Охрид сврти нова страница. По пауза од седум години Охрид и охриѓани повторно ќе имаат можност да следат елитен ракомет, а од клупата ќе ги предводи харизматичниот Андоновски.

Мх.П.