Еден французин кој работел како градежен работник со само 60 центи освоил џек пот вреден 425 илјади евра. На Жилиен Риводигу-Монтеро, кој пред две години останал без работа, судбината му се насмевнала во вид на џек пот кој го освоил уфрлајќи само три монети од 20 центи во слот машината на една коцкарница во градот Сен Мело, на северозападот од Франција.


Среќниот добитник првобитно дошол да вечера со сопругата во ресторанот на коцкарницата. Бидејќи ресторанот бил затворен, тие одлучиле да се забавуваат на слот машините. Во коцкарницата навеле дека веќе со години никој не добил џек пот. По освојувањето на наградата, Жилиен на вработените во казиното им рекол дека има намера да патува и да купи скутер, но и дека најверојатно нема да го напушти социјалниот стан во кој живее со своите четири деца.