Селекторот Мирсад Јонуз во Охрид ја уигрува „трендовската“ 4-3-3 формација, од која очекува да и донесе подобра игра и победа на Македонија.

Полека и мирно, без брзање, изнесете ја топката – ги советуваше Јонуз своите избраници.


Ако одбранбените играчи лесно се адаптираат на новата формација, истото се очекува и од играчите од средниот ред, на кои ќе падне најголемиот товар.


Николче Новески е сé подалеку од настапот против Норвешка. Се очекува неговото место во тимот да го заземе Бобан Грнчаров, кој беше дел од последната четворка пред голот заедно со Гоце Седлоски, Игор Митрески и Горан Попов.


Пандев, кој треба да мисли само на противничкиот гол, во нападот на тренинзите друштво му правеа Ацо Стојков и Илчо Наумоски, додека борбата во средината најверојатно ќе ја бијат Величе Шумуликоски, Дарко Тасески и дебитантот Филип Деспотовски.

М.П.