“Во рамките на втората рунда на грантови кои се реализираат преку проектот за модернизација на образованието одделени се 160 милиони денари кои што се наменети за училиштата, односно за 246 основни училишта кои поднеле најдобри планови за подобрување на нивната работа“, рече министерот за образование и наука Никола Тодоров.
Тој соопшти дека за реализација на целите на училиштата покрај градежните работи предвидена е набавка на опрема во вредност од околу 72 милиони денари.
Како што соопшти Тодоров за тендерот е добиено позитивно мислење од страна на Светската банка и тендерот е поделен во три дела. Првиот дел е за наставни помагала. Вториот дел од овој тендер се однесува на аудиовизуелни средства и има вкупно 60 различни видови на артикли. Додека пак, третиот дел се однесува на литература и содржи 623 различни набавки, во кои што се набавуваат вкупно 7475 книги.
МОН преку проектот за модернизација се јавува како обезбедувач на средства и обучувач, додека одлуките кои средства ќе се набават бираат училиштата.