Британецот Џорџ Аткинсон со 16 години станал најмладиот човек на светот кој се искачил на највисоките врвови на сите седум континенти на светот. Во освојувањето на врвовите тргнал кога имал 11 години, а на 16 станал најмладиот човек кој се искачил на највисоките врвови во Африка, Антарктик, Австралија, Јужна Америка, Северна Америка, Европа и Азија.
Ова момче, родум од Лондон, најпрво го освоил Килиманџаро во Африка, за конечно пред неколку дена да го освои и Монт Еверест. Претходниот рекорд го држел американецот Џони Колисон кој овој подвиг го остварил на 17 години. Британското алпинистичко друштво го потврдило рекордот на Аткинсон, кој имал 16 години и 362 дена во моментот кога се искачил на највисокиот врв на светот.