Најстариот бармен во Британија сеуште е со полна сила иако има 100 години. Не планира наскоро да ја послужи својата последна нарачка.


„Ќе работам додека можам. Сакам да  послужувам и да муабетам со гостите. Клубот е мој втор дом“ – рекол ведриот старец.

Вели дека не е тајна како успева сеуште да работи. Ги прави секојдневните работи, јаде нормална храна и сам ги врши набавките. За време на Втората светска војна бил маханичар, а работата секогаш му помагала да остане во форма.

„Навистина не верувам дека сеуште инсистира да работи зад шанкот“ – вели менаџерот на клубот.

Во пензија отишол во 1976 година, но му било досадно да не работи ништо, па се вратил во клубот.