Култниот стрип „Пинатс“ кој ги прати доживувањата на Чарли Браун, неговото куче Снупи и Вудсток, го прослави својот 60 роденден. На втори октомври 1950 година стрипот за прв пат излегол во девет весници. Последното издание излегло 2000 година, кога авторот на стрипот Чарлс Шулц починал.


Стрипот се печател во 2600 весници, бил популарен во 75 земји и преведен на 21 јазик. два пати бил екранизиран на телевизија. Јунаците на стрипот делуваат како весели ликови, а всушност станува збор за чуден вид на хумор. Нивните случки зборуваат за осаменост, несреќи и реалноста на денешниот свет. Токму поради тоа стрипот стекнал милиони обожаватели низ целиот свет.