Американскиот рапер Снуп Дог бил вратен од норвешката граница, а како причина се наведува тоа што имал “премногу пари кај себе“.
Норвешката погранична служба го застанала раперот минатиот петок кога се обидел да влезе во земјата бидејќи требало да настапи на една музичка манифестација во Осло.
“Штотуку вратен од норвешката граница поради премногу пари! Граничарите се супер момци, но велат дека ќе ми ги земат моите долари! А тоа не е во ред“, објавил Снуп Дог на својот Твитер, повикувајќи ги своите фанови во Норвешка да застанат зад него.
Сепак, и тоа не му помогнало, па не настапил во Спектрум арената во Осло, а требало да одржи уште три концерти во Норвешка.
Ова не му е прв пат да има проблем со влезот во некоја држава, со оглед на тоа дека дури минатата година му ја укинаа забраната за влез во Велика Британија која му беше изречена во 2006-та година поради тепачка на лондонскиот аеродром Хитроу.