Снуп Дог планира да собере 25 милиони долари кои ќе ги инвестира во проекти од областа на индустријата за легална марихуана која во САД зема силен замав. Меѓутоа, раперот нема намера парите да ги инвестира во одгледување билки, туку во технологија поврзана со идустријата за легален канабис. Експертите велат дека сега е право време да се инвестира во оваа гранка затоа што многу држави забрзано работат на легализација на канабиост како во медицински, така во во рекреативни цели.
Досега само државите Вашингтон и Колорадо усвоиле закон за легализација на марихуаната, по што забележале голема финансиска добивка. Инаку, Снуп Дог во оваа област е експерт, а знаењето за марихуаната, кои воглавно се однесуваат на набавката, потрошувачката и квалитетот на стоката, раперот несебично ги делел со својата публика.