Популарниот рапер Снуп Дог бил уапсен поради поседување канабис, но набрзо бил ослободен од притвор. На граничниот премин во Тексас, полицијата во рутинска проверка открила марихуана во автомобилот на пејачот. Имено, полициското куче ја намирисало дрогата, по што Снуп Дог признал дека е негова.

Тој во своите спотови често прикажувал употреба на марихуана, а општо е познато дека и самиот често ја користи. Сепак, во Калифорнија тој имал дозвола за тоа, бидејќи лекарот му ја препорачал како терапија, додека тој закон во Тексас не важел. Иронично е тоа што Снуп Дог често зборува дека е голем противник на влијанието на дрогата, а неодамна направил и фудбалски тим составен од момчиња кои ги тргнал од улиците, како не би биле упропастени од дрогата.