Никој не би можел да го замисли еден од омилените забавувачи и рапери Снуп Дог во улога на дедо, но неговиот најстар син Корди Бридус добил син. Снуп му посакал добредојде на својот внук Зајон на Инстаграм. Тој напишал дека на неговиот внук го очекува многу љубов.

 

Музичарот не ја криел среќата и гордо поставува фотографии и снимки од новороденото момче. Среќниот музичар напишал дека е горд дедо и дека неговиот син му подарил внук. Корди Брадус има 20 години, а Снум има уште две деца, синот Кордел и ќерката Кори. Раперот овие денови е прилично зафатен на бројни проекти и шоу програми, но сигурно ќе најде време да ужива со својот внук.