Снуп Дог е познат уживател и обожавател на марихуаната, а сега почнал и да пуши со синот Корд Калвин Бродус. Корд има 18 години и се фотографирал како на татко си му пали луле. Неколку фотографии тој објавил на својот Твитер налог. Покрај една од фотографиите напишал дека не би имал ништо против една година да живее во Амстердам.

Фотографиите биле ставени непосредно откако Корд ја одбил фудбалската стипендија на колеџ како би се осврнал кон својата хип-хоп кариера. Со оглед на тоа дека е голем потенцијал во спортот, бил мета на голем број универзитети, но без многу успех. Снуп Дог, од друга страна, е познат по љубовта кон канабисот, а неколку пати бил уапсен и престојувал во затвор поради поседување дрога.