Популарниот рапер Снуп Дог, во емисијата “The price is right”, освоил 72 илјади долари, погодувајќи ја цената на бројни производи. Парите кои ги освоил ќе ги вложи во својот фудбалски тим. Тој во емисијата учествувал како би ја промовирал и собрал некои средства за својата фудбалска екипа, во која моментално тренирале млади деца.
Во намерата да ги тргне младите од улиците полни со лошото влијане на дрогата и бандите, Снуп Дог ја основал оваа фудбалска екипа. Тој дури и вдомил некои од своите пулени и често велел дека за нив се грижи во голема мерка. Во емисијата тој заработил нешто повеќе од 72 илјади долари.