Раперот Snoop Dogg  изјави дека тој бил “прероден” по неговата посета на Јамајка, па одлулил своето уметничко име да го промени во Snoop Lion.

Покрај промената на името познатиот рапер планира да ја промени и музиката која ја прави, па за некое време можеме да го очекуваме неговиот прв реге албум наречен “Reincarnated”.
Во есен заедно со албумот раперот планира да го презентира и новиот документарец кој го носи истото име, во кој се прикажани делови од неговиот персонален живот како и мотивите зад неговата музика.