Исланѓанецот Хјортур Кјерулф вчера успеал да сними мистериозен џиновски црв како се пробива низ замрзнатата река Јокулса во близина наеговиот дом кај езерото Лагарфлјот.

Според легендата „Лагарфлјотс“ најпрвин бил мал црв кој бил ставен на златен прстен, за тој да се зголеми. Но кога сопственичката се вратила по прстенот видела дека наместот златото, пораснал црвот. Го фрлила прстенот во езерото каде црвот продолжил да расте.

Со векови луѓето го гледале џиновскиот црв и во вода и на копно. Некои велат дека е долг колку едно фудбалско игралиште!

OhridNews