Снимена е последната епизода на хит серијата „Gossip Girl“. Блејк Лајвли и Чејс Крафорд на друштвената мрежа Твитер објавиле низа фотографии од последното заедничко дружење на сетот.

Актерите кои биле прославени токму со оваа серија, на фотографиите изгледале среќно и опуштено. Се почестиле и со торта која набрзо била по сите нив. Според сцените кои се снимале во Њујорк, се чини дека крајот ќе биде среќен, и дека Серена, ликот кој го глуми Лајвли, ќе заврши во брак со Ден, кој го глуми Пен Бадглеј.