Ал Капоне никогаш не и пропеал на полицијата, но затоа песната која ја напишал пред 70 години, нежна балада, ќе биде снимена на це-де. Оригиналните ноти и текст се понудени на продажба по цена од 65 000 долари. Песната е зачувана благодарение на свештеникот пред кој со години се исповедал Капоне во затворот.
Капоне умеел да чита ноти и сакал да свири Бенџи и мандолина, но управникот на затворот никогаш не му дозволил. Тој обожавал опера и џез и своевремено во своите клубови ангажирал врвни музичари меѓу кои и Луис Армстронг.