Холивудските легенди Мартин Скорсеже, Роберт Де Ниро и Леонардо Ди Каприо во вторникот ноќта беа најславни гости на отворањето на нова коцкарница во Макао, каде претставија петнаесетминутен краток филм кој медиумите го нарекоа најскапа реклама во историјата. Во филмот „Аудиција“, кој го режира Скорсеже, двајцата славни актери Де Ниро и Ди Каприо се натпреваруваат за иста улога, а во него накратко се појавува и Бред Пит.
Иако не е потврдено, медиумите нагаѓаат дека продукцијата на филмот чини 70 милиони долари. Позади целиот проект стои австралискиот милијардер Џејмс Пакер кој сакал најдобра можна промоција за својата нова коцкарница во Макао. Пакер заедно со холивудските ѕвезди се појави на црвениот тепих, на свеченото отворање на коцкарницата „Студио Сити“ која тематски е посветена на Холивуд и чија изградба чинеше неверојатни 3,2 милијарди долари. На отворањето запеа и партнерката на Пакер, славната пејачка Мараја Кери.