Нa Куба неодамна било завршено снимањето на првиот холивудски филм од 1969 година кога САД вовеле санкции против оваа островска земја. Филмот „Папа“ е приказна за американскиот писател Ернест Хемингвеј кој живеел на Куба од 1939 до 1960 година. Режисерот на филмот Боб Јари рекол дека сакал филмот да биде снимен во Хавана, каде Хемингвеј имал куќа и чамец, како сцените би биле снимени на автентичен простор.
Му било овозможено да снима и во поранешната владина палата која е претворена во музеј посветен на кубанскиот лидер Фидел Кастро. Дозвола за снимање од американските власти Јари чекал три години. Вели дека снимањето на филмот на кубанско тло претставува прв исклучок од воведувањето на санкциите пред 45 години. Актерот Адријан Спаркс го глуми Хемингвеј, кој во 1953 година ја дибил Пулицеровата награда за својот роман „Старецот и морето“, а една година подоцна и Нобелова награда за книжевност.