Снежно невреме го погоди Нов Зеланд. Снегот остави илјадници домаќинства без напојување со електрична енергија и предизвика застој во сообраќајот. Сите регионални летови од главниот град Велингтон се откажани. Силниот ветер достигнувал брзина и до 160 километри на час, рушел дрвја и предизвикал проблеми со напојувањето со електрична енергија.
Поради невремето затворени се неколку сообраќајници, а во прекин е железничкиот сообраќај. Метеоролошката служба објави дека во теснецот кој ги дели Северниот и Јужниот Остров ветерот дувал со брзина од 130 километри на час кревајќи 11-метарски бранови.
Според метеоролозите, невремето на Северниот Остров ќе се засилува, а се очекува да го погоди и најголемиот град во државата Оукленд.
OhridNews
Макфакс