Охрид утрово осамна под снежна покривка. Иако врнежите не беа големи, снегот го разубави зимскиот амбиент во градот.

Ведрото време и чистиот воздух ги измамија охриѓани на прошетка, кои уживаат во ноемвриското сонце.

До крајот на дернот не очекува сончево време со мала облачност, ветровито и студено. Во североисточните делови ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег.

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во Охрид до 3 степени.

Г.М.