Приближно 85 отсто од мразот во глечерите по врвовите на африканската планина е стопен меѓу 1912 и 2007 година, истакнува екипа истражувачи од универзитетот во Охајо во истражувањето објавено во новиот број на алманахот на националната академија на науки на САД.
Приближно една четвртина од мразот, што се уште го имало во 2000 година, до 2007 година веќе се стопил, посочуваат авторите.
Ако оваа тенденција продолжи, полињата од мраз по врвовите на Килиманџаро нема да издржат, се наведува во извештајот.
Слични процеси се набљудуваат и во планините во Кенија, во глечерите во Јужна Америка и на Хималаите.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com