Утрово селата во Горна Дебрца осамнаа со снежна покривка, а екипите на јавното претпријатие на терен ги чистеа патните правци.
Зимата не е замината, а снегот не може да не изненади, напиша на Фејсбук профилот градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Врнежи од снег, според најавите од УХМР, се очекува денес на повисоките планински места. Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри.
OhridNews