После победа и пораз, составот на Охрид го запиша првото реми во подготвителните натпревари одигрувајќи 4-4 (2-1) со тимот на Кек од Косово.
Теренот со снежна покривна не им сметаше на двете екипи да одиграат добар и пред се ефикасен натпревар со осум постигнати погодоци.
Први до водство стигнаа гостите, кои, со погодок ја крунисаа почетната иницијатива. Охрид после негативата се разигра и до крајот на полувремето со головите на Шериф Реџепи и Вецко Вренцоски го сврте резултатот.
На стартот од второто полувреме, Кек успеа да изедначи на 2-2. Изедначувачкиот погодок им даде ветар во грб и постигнаа нови два голови за водство 4-2. Охрид повторно се разигра и головите стигнаа. Аце Целески од пенал намали на 3-4, а Александар Ѓорѓијески погоди со глава за 4-4.
Охрид во тест натпреварите го совлада Караорман со 3-1, а изгуби од Мачва Шабац 1-0. Следен контролен натпревар Охрид игра на 8 февруари против тимот на Кораб.
OhridNews