Една реклама за пиво во која главната улога ја има Снежана многу ги налутила продуцентите во Дизни. Во рекламата цртаниот јунак лежи во кревет и пуши, додека до неа лежат седумте полуголи џуџиња. Целта на рекламата е да се уверат граѓаните на Австралија дека пивото со овошен вкус е се само не слатко.
Бидејќи Дизни ги има авторските права врз Снежана, постои голема можност дека ќе ја тужат компанијата која ја осмислила и објавила оваа реклама.