Фудбалскиот натпревар меѓу Реал Мадрид и албанскиот прволигаш Грамоси одигран во Тирана го засени „рефлекторски скандал“.
Како што јави дописникот на Макфакс, на почетокот на второто полувреме на стадионот “Ќемал Стафа“ во Тирана снема струја, а големиот број навивачи, заедно со фудбалерите на двете екипи, меѓу кои и Кака и Роналдо чекаа цели 90 минути да се најде нов трансформатор за да се осветли стадионот.
Трофејот „Тачи Оил“, што го обезбеди контроверзниот албански бизнисмен
Резарт Тачи во вредност од 2,5 милиони евра, отиде кај Реал Мадрид, кој
го совлада Грамоси 2-1.
.